13-07-2011, 12:41 AM
Месноста „Градиште, Будинград” лежи до западниот крај на Будинарци, покрај магистралниот пат Виница - Берово. во античко време Астибос - Баргала - Партикопол. Претставува тесен рид што се издига 20—70 м високо над Брегалница; опфатен е од реката од речиси сите страни. Лесен пристап има само од југ преку тесно седло, каде што минува и спомнатиот пат. Ридот има многу стрмни страни, а озгора е зарамнет.
Во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер, што затворало простор голем 300 х 60 м. Се состоел од 2 дела.
1. Кастелот стоел на повисокиот, јужен дел. со големина 0.8 ха, имал правоаголна основа со паралелни страни. На јужниот крај стоела мала акропола, одвоена со еден внатрешен ѕид и зајакната со челна кула.
2. Станбениот дел лежел северно од него, со големина 0,8 ха, а бил одвоен од кастелот со просечен одбранбен ров. Обѕидието носи траги од голема обнова. На северозападниот крај стоела кула што го бранела најлесниот пристап до крепоста. Долж источниот ѕид се гледаат станбени простории, потпрени во низа на него. Крепоста била изградена во 4. век, а обновена во 6. век. Наоди: бројни монети од 4., 5. и 6. век, бронзени токи и аплики, железни фибули од крајот на 6. и 7. век, керамика и др.
Кастелот го контролирал спомнатиот пат, како и регионалниот пат од Пијанец на север кој покрај Будинарци водел кон Плачковица на југ и преку превалецот Чунговец слегувал во Радовишко Поле.Позицијата на Будинград е стратешки значајна. Лежи во географското средиште на Малешево, на крстопатот на два главни пата што водат низ тој регион а кои функционирале и низ средновековието како врска помеѓу долината на Брегалница со долината на Струма и земјите натаму на исток од неа.
Сл.%2018.%20„Будинград”,%20Будинарци,%20доцноантички%20крајпатен%20кастел.%20Делумно%20е%20обновен%20во%20средниот%20век%20%28„Будинград”%29